Доставена кауцијата за ослободување на Пуџдемон од притвор во Германија
Доставена е гаранција во висина од 75.000 евра за ослободување од притвор на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон.
Суд во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн вчера донесе одлука за ослободување од притвор на поранешниот претседател на каталонската регионална влада, Пуџдемон, со кауција од 75.000 евра.
Според одлуката на Судот, 55-годишниот Пуџдемон ќе остане на слобода се до донесувањето одлука по барањето на шпанските власти за негова екстрадиција во Шпанија, каде е обвинет за бунт, поттикнување бунт и злоупотреба на државни средства за организирање на ланскиот референдум за независност на Каталонија.
Судот оцени дека Пуџдемон не може да биде екстрадиран во Шпанија по главното обвинение за бунт, бидејќи според германското законодавство таквото дело би требало да подразбира и насилство.
Германското јавно обвинителство во вторникот побара Судот да дозволи екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија, со обарзложение дека барањето на Мадрид е оправдано, бидејќи „можело да се очекува оти организирањето на противуставниот референдум за независнот на Каталонија, ќе доведе до насилни судири“.
Адвокатите на Пуџдемон побараа од германските власти „да не се мешаат во случајот“, со образложение дека целиот случај има „политичка димензија“.
Пуџдемон минатиот викенд на средба со двајца пратеници во германскиот Парламент, кои го посетија во притворот, изјави дека не е криминалец и дека борбата за независност на Каталонија се базира на демократија и ненасилство.
- Ние не сме криминалци. Два пати победивме на избори, изјавил Пуџдемон
Пуџдемон нагласил дека кривичното дело бунт, за кое го товарат шпанските власти, подразбира употреба на сила.
- Немаше насилство, значи нема ни бунт, изјавил Пуџдемон на средбата.
Пуџдемон беше уапсен во Германија на 25 март, додека се враќаше од Финска во Белгија, и беше префрлен во притвор во Нојминстер. Тој ја напушти Шпанија лани во октомври откако Мадрид ја суспендира автономијата на Каталонија, како одговор на одлуката на каталонскиот Парламент за прогласување независност на регионот.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?
-
Шокаровски – Ова е оркестрирана хајка за уништување на државната Кардиохирургија