Достапни 20,5 милиони евра за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција

Објавен е Првиот повик за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Македонија за периодот 2014-2020. Ќе бидат достапни околу 20,5 милиони евра, ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за локална самоуправа Лирим Шабани.
- Оваа програма е во рамки на спроведувањето на Инструментот за претпристапна помош ИПА 2. Со оваа програма предвидено е да се финансираат проекти во висина од 45,47 милиони евра, кои ќе ги имплементираат корисниците со активности во пет региони во Грција и четири во Македонија. Тоа се Југозападниот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Југоисточниот регион, рече Шабани кој појасни дека оваа прекугранична програма беше одобрена од ЕК на 7 август 2015.
Средствата се обезбедени од ЕУ, која финансира 85 отсто од вредноста на проектите, а останатите 15 отсто се од Министерството за локална самоуправа.
Министерството за локална самоуправа е номинирано како одговорно Национално тело за прекугранична соработка. За таа цел, како што рече, ќе ги финасираме проектните корисници од Македонија преку покривање на нивните активности во висина од 15 отсто од вредноста на трошоците.
- Главна цел на Програмата е да се подобри територијалната кохезија преку подобрување на животниот стандард и создавање нови работни места, одржување на животната средина и преку одговорно користење на природните ресурси за развој на туризмот, рече Шабани.
Приоритети од Првиот повик се промовирање на вработеноста, мобилност на работната сила, социјално и културно вклучување во прекуграничната соработка, заштита на животната средина и промоција на прилагодувањето, намалувањето, спречувањето и управувањето со ризиците од климатските промени, промовирање оджлив транспорт и подобрување на патната инфраструктура, поттикнување на туризмот, како и културното и природно богатство.
Министерот Шабани потенцира дека со Грција досега заеднички имаат реализирано 50-тина проекти, 38 се завршени, а 14 се во фаза на реализација. Проектите имаат вредност од околу 10 милиони евра.
За заинтересираните организации и институции планирани се четири информативни денови, од кои два во Република Македонија. Информации за термините ќе бидат објавени на веб-страница на Министерството за локална самоуправа.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
