Доскоцил: На Балканот се појавуваат нови миграциски маршрути
На Балканот се појавуваат нови миграциски маршрути, изјави австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил во интервју за германскиот весник „Велт“.
- Според нашите податоци, во последно време на Балканот почнаа да се појавуваат нови маршрути, рече тој, истакнувајќи дека ова се случува откако Унгарија и Македонија „значително ги зајакнаа мерките за заштита на надворешните граници на ЕУ“.
Според него, „многу бегалци се обидуваат да стигнат до северниот дел на Европа преку Словачка, избирајќи го патот преку Романија или Бугарија“.
Доскоцил смета дека е неопходно да се создадат центри во африканските земји, како што се Мали или Нигер, каде што ќе се разгледуваат барањата за азил за европските земји. Таквите центри би можеле да бидат чувани од војска од земјите-членки на ЕУ во координација со ОН.
Министерот потсети дека речиси 20.000 нови мигранти пристигнале во Австрија оваа година, од кои 12.000 се пријавиле за азил. Според австриските власти, околу 8.000 баратели на азил во Австрија оваа година пристигнале преку Балканот, истакна Доскоцил.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање