Досега во земјава дадени 240.000 дози вакцини
Заклучно со вчерашниот ден се вакцинирани нешто над 200.000 граѓани, од кои што 40.000 се ревaкцинирани, што значи дека досега во нашата земја се дадени 240.000 дози на вакцини, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Во овој момент пријавени и невакцинирани има 150.000 граѓани, истакна Филипче.
Тој најави дека Министерството за здравство подготвува кампањи за вакцинација, во очекување да пристигнат нови дози вакцини.
– Верувам дека граѓаните и натаму ќе покажуваат интерес, како што покажуваат и сега, додаде Филипче.
Во врска со враќањето на интерните клиники во нормална функција, министерот Филипче информира дека медицинскиот кадарот е веќе вратен во своите болници, а во дел од нив во тек е темелно чистење и дезинфекција.
– За нас е среќен ден. Еве се ослободуваат болничките капацитети. Се надевам дека нема да се соочиме со некој нов бран. Спремни сме заради тоа што знаеме како треба и што треба да направиме. Меѓутоа многу битно е што сите овие одделенија се враќаат во своја нормална функција, дека ќе ја работат патологијата која што е нивна автентична, потенцира Филипче.
Ново на Сител
-

Царинската управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани
-

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“
-

Родилка почина по царски рез на Клиника за гинекологија и акушерство
-

Мајка и дете загинаа откако се фрлија од зграда во скопски Карпош
-

Две убиства и обид за убиство: Се проширува истрагата за 25-годишниот убиец од Малотино
-

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер
-

Малолетник без возачка управувал „мерцедес“ во Струга, возилото одземено
-

Сончево и релативно топло време, во четврток локални врнежи од дожд
