Досега идентификувани 103 жртви од нападите во Париз
Францускиот премиер Мануел Валс денеска изјави дека се идентификувани телата на 103 жртви на терористичките напади во париз и дека уште 20 до 30 чекаат на идентификација.
- Тоа ќе биде направено во слендите неколку часови, потврди Валс пред Воената школа, каде е поставен центар за семејствата на жртвите.
Според последниот биланс, во нападите од петок навечер загинаа најмалку 129 лица.
- Тоа не се анонимни жртви. Тоа се животи на млади луѓе, кои биле цел на напад додека мирно ја минувале ноќта во кафуле или на концерт, истакна францускиот премиер.
Тој на семејствата на жртвите им рече дека нема таков психолог, волонтер или лекар кој може да им пружи утеха.
- Но мораме да им помогнеме во постапката со идентификација, да ги испратиме...со сите административни обврски, порача Валс.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти