Досега десет жртви на поплавите во Венецуела, тројца се водат за исчезнати

Бројот на жртвите од поплавите што ја зафатија Венецуела пред две недели се зголеми на 10 загинати и тројца исчезнати, откако вчера беше пронајдено телото на млад човек кој бил однесен од поројните води.
Телото на 18-годишнио момче беше извлечено од калливата река Ла Вега, во државата Лари, на запад од Венецуела, каде што исчезна уште еден млад човек, соопштија од тамошната цивилна заштита, без да се спомене евентуална штета на инфраструктура.
Властите не објавија официјални податоци за состојбата во целата земја, но локалниот печат пишува дека непрекинатите врнежи предизвикале големи поплави во најмалку седум од 23 сојузни држави. Во неделата беше пронајдено телото на 11-годишното момче кое беше исчезнато од 11 септември во близина на река во Каракас, на Твитер соопшти заменик-министерот за управување со кризи и цивилна заштита Карлос Перез Ампуеда.
Венецуела годинава забележа поголемо количество на врнежи од просечното, што се припишува на климатскиот феномен Ла Ниња. Неговиот студен еквивалент, Ел Нињо, предизвикува ладење на површината на Тихиот Океан, што влијае на циклусот на врнежи и на климата во некои делови од светот.
Ново на Сител
-

Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп
-

Приведен дваесет и петгодишник од Малтино, осомничен за убиство на жена во село Челопек
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
