-->
-->
Донирани школски прибори на ученици во село Црник
-->
Во рамки на проектот „Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основното образование во Р.М." денеска им беа доделени школски прибори на осум ученици кои следат туторска настава во село Црник, Пехчево.
Како што истакна за МИА координаторот на проектот Сара Јашарова од НВО КХАМ, која е партнер во проектот, од 23. јануари се дели помошт, а заклучно со денешната акција, во регионот на Малеш и Пијанец, се заокружува оваа донаторска акција при што се доделени 52 школски прибори на сите ученици кои ја посетуваат дополнителната настава.
- На учениците кои редовно посетуваат туторска настава им беа доделени школски прибори во Делчево, Пехчево и Берово и денеска во село Црник. Помошта се состоеше во најосновната потреба на учениците од школски прибор што, секако, ќе им корсити во рамки на образовниот циклус, рече Јашарова.
Инаку, со проектот за тутори во образовниот процес во Делчево се опфатени 20 ученици, исто толку и во берово, додека во Пехчево 4, а во пехчевското село Црник, 8 ученици. Сите овие ученици следат дополнителна настава по предметите македонски јазик и математика.
- Целта е учениците да добијат поголемо знаење по овие предмети, да го подобрат успехот, бидејќи истражувањето покажа дека учениците покажуваат послаби резултати по овие предмети. Наставата се одржува за ученици од ромска националност од четврто, петто и шесто одделение. За таа цел се ангажирани наставници тутори во сите општини, рече Јашарова.
Проектот финансиски е подржан од РЕФ-Будимпешта во партнерство со Министерството за образование и наука, а проектот е координиран од Ромскиот ресурсен центар-Скопје.
Туторската настава започна да се спроведува од 15 ноември лани, а ќе трае до крајот на школската година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"
-
Тема на денот со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје
-
Кратово достојно го одбележа празникот за заштитникот на градот - Св. Ѓорѓи Кратовски
-
Демохристијанската ЦДУ победи на изборите во Германија
-
Мицкоски очекува исклучително добри билатерални односи со новата власт во Германија
-
Три години од војната во Украина, можен ли е конечен мир?
-
Македонија коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина
-
Маркетите со задолжение да ги објавуваат сите цени секој ден