Донирани пакети со храна за социјално загрозени ромски семејства

НВО КХАМ од Делчево додели 12 пакети со прехранбени производи за семејства од ромска националност кои живеат во социјален ризик и 35 новогодишни пактечиња за деца чии мајки активно учествуваат во проектните активности за подобрување на вработувањето на Ромите.
Зекри Абдулов, директор на НВО КХАМ, истакна дека пакетите за соцјално ранливите категории содржат исклучиво прехранбени артикли и еден пакет е во вредност од 1.200 денари.
- Празниците се повод за дружење и прославување. Имајќи ја предвид тешката социјална положба на дел од ромското население, НВО КХАМ Делчево подготви и подели 12 прехранбени пакети. Свесни сме дека со нашата грижа и помош не сме во состојба многу да ја промениме нивната социјална положба, меѓутоа сакаме и да ја потенцираме индиферентноста на институциите и фирмите и да ја разбудиме нивната свест за хуманост, која во последно време е на многу ниско ниво, како и да ги потсетиме на овие ранливи групи и да ги мотивираме барем еднаш годишно, ако не повеќе, да им излезат во пресрет на најранливите и да им помогнат и тие да си ги прослават празниците како сите други, истакна Абдулов.
Новогодишните пакетчиња им беа доделени на 35 деца од градинките во Делчево, Виница и во пехчевското село Црник, чии мајки, како што истакна Сара Јашарова, координатор на проектот, во изминатиов период активно учествувале во проектот со креативни работилници. Тој треба да им помогне и на родителите и на децата за полесен почеток во образованиот процес и подобро запознавање на македонскиот јазик, односно децата подготвени да влезат во прво одделение.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
