Донирани 5.300 најнови тестови за коронавирус
Компанијата „Бест Веј Инвестмент“ соопшти дека обезбедила 5.300 тестови за утврдување на Ковид-19, во вредност од 3.095.730 денари (50.000 евра) за потребите на Министерството за здравство. Tестовите се производство на американската компанија „Abbott Molecular inc“, која е еден од пионерите на тоа поле во светот.
Преку овие тестови, како што се посочува, може да се идентификуваат лицата кои стекнале имунитет на Ковид-19.
Тестовите, исто така го идентификуваат присуството на коронавирусот со 100 отсто сензитивност на луѓето кои се заразени, како и на оние кои биле заразени, а кои имале благи или пак воопшто немале симптоми. Овие тестови се новитет и се први кои пристигнуваат во државава. Досега Америка, Англија, Израел и други земји порачаа повеќе од 30 милиони парчиња од овој тест, наведуваат од компанијата.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка