Донирана опрема од австриски „Текспорт“ за пожарникарите од Виница
Пожарникарите во територијалната протривпожарна единица од Виница од денеска добија нова опрема донација од Омбер Шнајдер, сопственик на австриската текстилна компанија „Текспорт“ која работи во индустриската зона во Виница.
- Компанијата почна со работа минатата година, и во неа се вработени 150 луѓе. Денес на дело покажаа дека се општествено одговорна компанија која соработува со општината и ги следи потребите и на единицата за противпожарна заштита, истакна градоначалникот Емил Дончев.
За командирот на ТППЕ Станко Спасов, опремата е од особено значење бидејки таа е комбинирана за интервенции во пожари, поплави, сообраќајки, за интервенции на отворен простор и сл.
Австриската текстилна компанија „Текспорт“ со работа во индустрикста зона во Виница стартуваше минатата година како странска инвестиција со капацитет за 200 вработени. Како текстилна компанија со фабрики во повеќе земји, заштитен бренд им е шиењето на висококвалитетна опрема за пожарникари која се извезува во повеке земји ширум светот.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора