Донесени измените на Законот за Собранието
Собранието попладнево во рамки на продолжението на 59-та седница го донесе Предлог-законот за изменување на Законот за Собранието на Република Македонија, по скратена постапка, во второ и трето читање. Законот беше поднесен од Талат Џафери, Јован Митрески, Арбер Адеми, Горан Мисовски, Никола Мицевски и Панчо Минов.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира дека овој закон се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во земјава. Со подигнување зелен картон или „за“ гласаа 78 пратеници, еден пратеник гласаше „воздржано“, а ниту не беше „против“. Вкупно 25 пратениции кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во земјава гласаа „за“, немаше воздржани и немаше ниту еден „против“.
Со предложените решенија во Законот треба да се постигне делумна административна самостојност на Службата на Собранието што ќе се изрази преку воспоставување на интерни постапки за донесување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, Годишниот план за вработување на кој согласност ќе дава Буџетскиот совет на Собранието и поединечните финасиски согласности за нови вработувања за кои согласност ќе дава претседателот на Собранието.
Џафери информира дека пратениците Арбер Адеми, Јован Митрески, Арта Билали – Зендели и Лидија Тасевска го повлекле Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, по скратена постапка, со што констаираше дека е исцрпен дневниот ред и дека 59-та седница е завршена.
Ново на Сител
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
-

Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис со многу високо ниво на THC, пристигнати од Канада
-

Симовски: Дадовме солиден отпор против светскиот вицепрвак
