Донесен ребалансот - Oбезбедени средства за пензии и плати, за студентите и земјоделците
Дополнителни 4,2 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за исплата на пензии, 800 милиони денари за исплата на правото на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштита, 1 милијарда денари за ТИРЗ зоните,1,7 милијарди денари за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор, 437 милиони денари за студентски оброк, 207 милиони денари за исплата на стипендии, 300 милионии денари за блок дотации, дополнителни 0,8 милијарди денари за исплата на камати кон домашни меѓународни кредитори, како и 5,1 милијарда денари за исплата на гаранции кои претпријатијата до крајот на 2024 година година сукцесивно треба да ги вратат во Буџетот на државата, се само дел од проекциите предвидени со ребалансот на Буџетот за 2024 година што вчера беше донесен од Собранието.
Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари што е 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, капиталните расходи се планирани во висина од околу 44,7 милијарди денари, а дефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4 проценти на 4,9 проценти од БДП.
Обезбедени се и 6 милијарди денари за локални инфраструктурни проекти, како и капитални расходи во висина од 44,7 милијарди денари наменети за инвестиции во реконструкции и модернизација на јавните здравствени установи, капитални инвестиции во образованието, детската и социјалната заштита, патната, железничката и комуналната инфраструктура, исполнување на договорите во одбраната и безбедноста, како и за рурален развој.
Со ребалансот на Буџетот економскиот раст е ревидиран на 2,1 отсто од претходно проектираните 3,4 проценти, додека стапката на инфлација е проектирана на 3,5 отсто.
Според Владата, ребалансот треба да ја санира наследената „катастрофална состојба“ и „да ги закрпи дупките“ во државната каса.Како што рекоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во текот на собраниската рапсрава, документот е обид да се прераспределат слабо или нереализираните средства, како и да се дочека крајот на годината во што понормална состојба.
Ребалансот не доби поддршка од СДСМ и коалицијата, а пратениците од Европски фронт ја напуштија седницата пред расправата со образложение дека е симнат од дневен ред Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
-Со предложениот ребаланс ги исправаме пропустите направени со иницијалниот Буџет - недоволно испланирани средства за законски предвидени права, средства за сервисирање на доспеани обврски и средства за поддршка на економијата. Тоа значи, обезбедуваме редовна исплата на плати кои ќе бидат усогласени согласно Закон во септември и редовна исплата на пензиите, а го реализираме и нашето изборно ветување за линеарно зголемување на пензиите во септември, исплата на доспеаните обврски без одложување, зашто тоа го бара економијата во која покрај најавениот поволен кредит за реализација на инвестиции ќе се вбризгаат дополнителни 6 милијарди денари преку нивно ангажирање во реализацијата на проектите на локално ниво. Тоа е еден од факторите со кои сакаме да ја поддржиме економијата, која, како што покажуваат податоците, забележа слаби резултати во првата половина од годината, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во експозето.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го повторија партискиот став, дека со ребалансот се обезбедуваат средства за плати, пензии, студентски оброк и стипанедии, земјоделски субвенции, средства за општините, за сервисирање на долговите, за спортистите,...
-Во делот на плати не се обезбедени средства за континуиран раст на платите и за пораст на минималната плата, ниту за раст на платите во образованието иако постојат поголеми приходи во Буџетот, не се предвидени средства за покривање на обврските од социјална заштита, ниту за покачување на правата за детска заштита, намалени се средствата за ИПАРД програмата, односно за земјоделците, како и средствата за авансна исплата на земјоделските субвенции,..., рече Димитар Ковачевски, објаснувајќи зошто СДСМ и коалицијата нема да го поддржат ребалансот.
Собранието го усвои ребалансот уште првиот ден од расправата, со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори