Донесен буџетот за 2019. за Општина Штип
Основниот буџетот на Општина Штип за 2019 година изнесува 410 милиони денари , којшто од страна на советниците во Советот на Општина Штип беше донесен на 15. седница, а воедно и последна во 2018 година.
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски во своето излагање истакна за разлика од буџетот за 2018 година е помал, бидејќи ги почитувале одредбите од Законот за финансиска дисциплина, со што на општините не им се дозволува да продуцираат нови долгови. Но, смета дека е развоен бидејќи 189 милиони денари или преку 46 % од средствата ќе одат за капитални инвестиции, односно во изградба на нови улици, водоводни и канализациони мрежи, градинки, гасификација и други проекти, кои ги побараа граѓаните на јавните расправи.
-Во дел на поголемите проекти можам да ја издвојам градинката во населбата „Сењак“, којашто се реализира со добра динамика, обиколницата очекуваме во текот на јануари и февруари да продолжи, говорам за првата фаза и поставувањето на мостот, коешто треба и паралелно со тоа и да се плаќа, со што капиталните инвестиции ќе одат нагоре. Продолжуваме и со обиколницата со втората фаза со кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“, за што започнавме оваа година да го работиме, но реализацијата и наплатата на средствата ќе дојдат наредната година, вели Бочварски.
Забележа дека од буџетот на општината ќе се реализира и целосна реконструкција на улицата „Панче Караѓозов“ во населбата Автокоманда, кадешто покрај реконструкција на водоводна и канализациона мрежа ќе има и замена на коцката со асфалт.
-Во завршната фаза сме и на основиот проект за Гасификација на Штип, по што истата фирма ќе продолжи со работа и на идејниот проект. Проектирањето на браната на река Отиња е во финална фаза, односно наскоро ќе заврши иновираниот проект. Веднаш штом го имаме ќе бараме и градежно одобрение преку Министерството за транспорт и врски и ќе влеземе во преговори со Владата за финансирање на овој капитален проект важен за Штип и штипјани, вели Бочварски.
Со реализацијата на овие проекти смета дека 2019 година ќе биде навистина развојна за општината. Инаку на денешната седница на Советот на Општина Штип се донесоа и Програмите за работа на штипските јавни претпријатија и локални институции.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар