Loading Video...
Кошарка
8. January 2021 - 15:50

Дончиќ го доби дуелот против Јикиќ, Далас славеше над Денвер

Дуелот меѓу Денвер и Далас ја одбележа вечерта во НБА лигата. 
 
Средбата во која беа играни дополнителни пет минути, откако регуларниот дел заврши без победник 109-109, ја добија гостите од Далас со конечни 124-117. 
 
Тоа беше и дуел на балканските ѕвезди Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, кои уште една потврдија дека во моментов се едни од најдобрите играчи во лигата. 
 
Иако обајцата средбата ја завршија со дабл-даб учинок во кој двајцата постигнаа по 38 поени, сепак причина за радост на крајот имаше Словенецот. 
 
Шампионот Лос Анџелес Лејкерс беше изненаден од Сан Антонио од кој загуби со 118-108 на домашен терен. 
 
Олдриџ со 28 поени беше најефикасниот играч на натпреварот и во победничката екипа, додека кај Лејкерси очекувано  Леброн Џејмс и Ентони Дејвис  беа најефикасните со 27 односно 23 поени.