-->
-->
Дончевски во Скадар да ги бодри „рисовите“
-->
Натпреварот во Скадар против домашната селекција на Албанија не само што ќе го означи стартот на новиот квалификациски циклус за СП во Русија туку и буди спомени кај оние кои ја пишуваа историјата на македонскиот репрезентативен фудбал.
Прв меѓу нив секако е првиот селектор на националниот тим Андон Дончевски под чие водство Македонија ја совлада Албанија во Тетово со 5-1:
„Како денеска се сеќавам на тој натпревар бидејќи беше специфичен од повеќе аспекти. Тогашниот претседател на ФСМ , Љубисав Иванов Ѕинго ме праша што мислиш Дончо да играме со Албанија во Тетово....А јас му одговори одлично претседателе, мислиш на наше Тетово...тогаш зошто да не играме....
Средбата се одигра во одличен амбиент а ние започнавме одлично. Серијата голови ја стартуваше Неџмедин Мемеди уште во 20-тата минута. Два гола постигна Ванчо Мицевски а по еден Зоран Бошковски - Чоко и Марјан Стојковски.
Игравме полетно, ефинасно и тоа е една од нашите најубедливи победи“- се сеќава Андон Дончевски кој во Скадар е гостин на ФФМ.
Дончевски е одушевен од гостопримството во Скадар, мирен град, убав со убави шеталишта и многу млади луѓе и преубави девојки.
„Пријатно сум изненаден од развојот на Албанија. Јас живеам во Австралија и ја искористив оваа можност при посетата на нашата земја да дојдам со репрезентацијата во Скадар. Очигледно е дека се развиваат и фудбалски и економски. Но и ние имаме коњи за трка и затоа вечерва очекувам неизвесен меч“- оптимист е чичко Дончо.
Заедничкото кафе го испивме со колегите Бошко Тасиќ и Ласте Димитриевски.
Од Скадар Зоран Николовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од 1 септември нови мерки најавува Вучиќ „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“
-
Донесен законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите
-
Шест полицајци повредени во Нови Пазар во судир меѓу граѓани и полиција пред зградата на Државниот универзитет
-
ОН: Во Газа влегува само половина од потребната помош, стотици илјади луѓе гладуваат
-
УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
-
Со запален факел од хартија и текстил запалил греди на натстрешница - Истрага за пожар во Струмица
-
Ангелов: Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за пожарникари
-
До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја