Доналд Трамп смета дека на Британија би и било подобро надвор од ЕУ

Водечкиот кандидат за претседател на САД кај американските републиканци, милијардерот Доналд Трамп изјави дека на Велика Британија „би и било подобро“ без ЕУ.
Во разговор за американската телевиија Фокс, тој вели дека кризата со мигрантите, со која се соочува во Европа е „ужасна работа„ и ја обвинува ЕУ за начинот на кој се справува со кризата.
Трамп кој својата кампања за изборите ја заснива, ставајќи ги миграциските прашања во САД на првото место, сепак, не заговара излегување на Британија од Унијата. Тој само „чувствува„ дека гласачите во Британија, во поголем број, ќе се определат за „прекинување на врските„ со Унијата.
Во разговорот за тв Фокс, Трамп ја обвинува ЕУ дека со својата политика ја потикнува миграцијата, мислејќи на принципот на отворени граници, како и на сегашната спремност да се примат бегалците имигрантите од Сирија и Ирак..
Овој њујоршки милијардер кој верува дека ке ја добие номинацијата на Републиканската партија за изборите во ноември годинава, предизвика бурна реакција во светот со своите заложби против влегувањето на мигрантите од Мексико и од мулсиманските земји во САД.
Тој заговара изградба на ѕид на границата со соседно Мексико, нарекувајќи ги Мексиканците „наркомани, силувачи и криминалци„ а предлага целосна забрана за влез на муслиманите во САД додека не се расчисти кризата со џихадистите од групата Исламска држава.
Трамп е првиот американски политичар кој подржува Брегзит.
Американските демократи, а пред се, претседателот Барак Обама и американската администрација отворено се изјаснуваат против британското напуштање на ЕУ.
Водечкиот демократски кандидат Хилари Клинтон, како и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон се цврсто на позицијата за останување на Британија во Унијата.
Ново на Сител
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
-

Растот на платите за 40% до 2028 за административците прифатлив за 95% од синдикалците од УПОЗ
