Доналд Трамп ги поддржува Русија и Иран за војната против ИД

Водечкиот претендент за номинацијата за претседателските избори во САД меѓу републиканците, милијардерот Доналд Трамп ги поддржува заложбите на Русија и на Иран, за создавање коалиција за војна против џихадистите на Исламска држава.
Во интервју за американаката телевизија Ен-Би-Си, Трамп кој и понатаму има уверлива предност пред другите републикански претенденти, ја повика администрацијата на претседателот Барак Обама, да ги поддржат „оние кои сакаат уништување на ИД“ откако џихадистите запоседнаа големи територии во Сирија и во Ирак.
Запрашан дали се согласува со оние кои кои го поддржуваат Башар ал Асад, или оние кои тврдат дека тој е одговорен за сирискиот конфликт, Трамп рече дека ги поддржува оние кои сметаат дека ако Русија (со Иран) сакаат да војуваат против ИД, тоа треба да се поддржи, а не „љубоморно да се зборува“ дека не треба да се дозволи.
Американската Републиканска партија остро ја критикува досегашната политика на претседателот Барак Обама во Сирија и продолжувањето на војната, од која се изроди милитантната исламистича група ИД.
Во интервјуто, Доналд Трамп вели дека не е сосема јасно дали навистина Асад е причината за конфликтот.
Тој смета дека уште помалку е јасно кој би го наследил на претседателската функција во сегашната ситуација во земјата.
„Оние кои претендираат на таа позиција никој не ги знае, а уште помалку се знае дали нивното форсирање (од страна на Западот) нема дополнително да ја влоши ситуацијата во Сирија, смета Трамп.
Според него, САД „честопати“ се врзуваат за личности кои потоа работите ги прават полоши од порано.
Ново на Сител
-

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“
-

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади
-

Денес се празнува трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
-

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори
-

Парламентарни избори во Ерменија
-

Николоски ќе изврши увид во реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродром
-

Топло време со температури до 34 степени, попладне можно краткотрајно невреме
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
