Донацијата од Романија за поплавените
Донација од Република Романија за поплавените во Скопско и Тетовско денеска беше предадена на Дирекцијата за заштита и спасување.
Директорот Шабан Салиу, на примопредавањето на донацијата, рече дека Република Романија е деветта држава што и испраќа помош на нашата земја, преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, за загрозените од поплавите што го зафатија Скопје и регионот.
- Помошта во поголем дел се состои од храна, опрема и материјално-технички средства. Имаме околу 1.600 ќебиња и вреќи за спиење, и сето она што во овој момент ќе послужи на лицата кои живеат во овие загрозени подрачја, рече Салиу.
Претставникот од Амбасадата на Република Романија во Македонија, Октавијан Шербан рече дека помошта е во вредност од 133 илјади евра и е составена од храна и материјали, вода, шатори, чизми и друга неопходна опрема за настраданите.
Посочи дека донацијата претставува знак на солидарност и регионална соработка.
Во Република Македонија преку Механизмот за цивилна заштита пристигнаа донации од Грција, Австрија, Чешка, Унгарија, Бугарија, Словачка и Холандија.
Ново на Сител
-
Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста од точката за разгледување предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
-
Реал прв финалист во шпанскиот куп
-
Дембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникот
-
УХМР: Зголемен водостостојот на реките
-
Палчо отстранет од судница, Кешишев се плаши да зборува пред него
-
Во Тетово приведен бегалец од затвор
-
НБА суспендираше петмина кошаркари за тепачката во Минеаполис
-
У19: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа квалификациите во Б дивизијата