Донација за реконструкција на Посебното основно училиште „Иднина“
Учениците од училиштето за деца со посебни потреби „Иднина“ новата учебна година ќе ја почнат во реновиран простор благодарение на донацијата на телекомуникацискиот оператор „Неотел“.
Со донацијата ќе се изврши репарирање и молерисување на ентериерот на објектот, вклучувајќи ги училниците, ходниците и помошните простории што ќе придонесе за подобрување на основните услови во училишниот објект.
- Целиот тим се обедини под идејата донацијата да ја насочиме кон објект којшто има голема потреба од обемно вложување и каде се згрижени деца што го заслужуваат вниманието на сите институции и субјекти од системот. Нашето вклучување е потврда дека секоја компанија или поединец може и треба да се инволвира во создавање на што подобри услови во општеството и помагање на засегнатите групи граѓани, изјави генералниот директор на „Неотел“ Трајче Черепналковски.
Во училиштето се згрижени околу 115 деца, a училишниот објект лоциран во општина Чаир е изграден во 1963 година и располага со капацитети за едукација и подобрување на физичката и менталната состојба на децата од основно училиште кои се со посебни потреби. Работите околу реконструкцијата што започнаа овој месец се очекува да бидат завршени до почетокот на новата училишна година.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор