Донација од Француската република за МВР
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија Н.Е. Сирил Бомгартнер, кој во оваа прилика во име на Владата на Француската Република за потребите на Министерството за внатрешни работи, поточно на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења му врачи на министерот Спасовски и донација – техничка опрема и софтвер – набавена за потребите на оваа организациона единица.
Партнери на овој проект се Националниот институт за криминалистичка техника од Лион, кој ги обезбеди плановите за опремата, како и Дирекцијата за соработка во областа на безбедноста и одбраната (DCSD) при француското Министерство за Европа и надворешни работи, која ја финансираше донацијата, заедно со компанијата „Ивотехна“, која ги спроведе работите. Всушност, оваа активност од билатералната соработка е дел од француско-германската иницијатива за борба против трговијата со мало и лесно оружје и муниција со мал калибар и француската меѓуминистерска стратегија за Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи
-
Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Основните и средни училишта во Кочани должат 10,5 милиони мкд кон КПЈ „Водовод“
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор