-->
-->
Донација на специјално возило работно АТВ за Општина Илинден
-->
Во Општина Илинден беше извршено примопредавањето на донацијата – специјално возило или работно АТВ, од страна на општествено одговорната компанија „Мото Илинден“.
Како што информира градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, станува збор за донација на теренско возило за планински делови. Ова возило ќе биде користено за одржување на ридско-планинските патеки, како и во ситуации при гаснење на пожар, односно на тешко достапни места каде ќе има потреба при вонредни ситуации.
Градоначалникот Георгиевски, при примопредавањето на донацијата ја искористи можноста да се заблагодари на општествено одговорната компанија за хуманиот гест и ја истакна важноста на овој вид донација за општина Илинден.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава