ДОМ:Прифатено барањето за спроведување на препораките на УНЕСКО од кандидатот за градоначалник на Охрид Георгиевски
ДОМ ја изразува својата поддршка на кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, д-р Константин Георгиевски кој го прифати барањето на ДОМ, да обезбеди спроведување на препораките на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО, кои се во надлежност на општина Охрид. Пред се, кандидатот за градоначалник се обврза дека ќе ги спроведе следните препораки:
-Да се спроведе мораториум на крајбрежна и урбана трансформација во рамките на доброто, до усвојувањето на Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион
-Да се направи инвентаризација на сите диво изградени објекти во рамките на доброто
-Да се спроведува доследно законската регулатива со цел спречување натамошна изградба на диви градби во крајбрежниот појас, урбаните и руралните средини
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД