-->
-->
Дома за утринска молитва, во џамија за Рамазан Бајрам, одлучи ИВЗ
-->

Во образложение на одлуките донесени денеска реисот Реџепи, пишува дека сабах намазот (утринската молитва) е одлучено верницте да ја обавуваат дома, односно апелира повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на молитвите. Дел од мерките што ќе треба верниците од исламска вероисповед да ги почитува во тек на молитвата за Рамазан Бајрам, ИВЗ ги има донесено и на 7 мај кога одлучи да ги отвори џамиите после две месеца пауза.
– Обавувањето на намазот на Фитр Бајрам да не биде подолго од 15 минути, максимално да се избегнат поздравите со физички контакт, откажување од посета на гробишта, за време на Фитр Бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку, дезинфекција на џамии, задолжително носење маска, чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици, секој верник треба да има лично сеџаде, се вели во одлуката на ИВЗ.
Воедно од таму истакнуваа дека меѓу верниците треба да се запази физичката дистанца колку што е можно повеќе, односно е забранет престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата.
Поради сегашната состојба со коронавирус, Ријасетот на ИВЗ ја откажа организацијата на традиционалната централна манифестација по повод Фитр Бајрам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси