ДОМ на конференцијата „Зелена мобилност за здрави градови” во Рим
Делегација на ДОМ учествува на конференцијата „Зелена мобилност за здрави градови” во Рим.
Целта на конференцијата што ја организраат Европските зелени, е споделување на најдобрите европски искуства во намалувањето на аерозагадувањето и подобрување на мобилноста во градовите.
Според ДОМ, зелени, пријатни и чисти градови мора да станат вистински политички приоритет. Со подобар јавен транспорт може да се намали сообраќајниот метеж, аерозагадувањето и загадувањето од бучава.
- Последниве децении станува се поважно како да се „зазеленат” градовите, зашто преку 50 отсто од популацијата живее во градови. За таа цел, се смени пристапот во просторното планирање и урбанизмот, па така слободниот простор, зеленилото, просторите за рекреација, пешачките и велосипедските патеки станаа императив во проектирањето и градењето. Секоја година се води силен натпревар помеѓу европските градови за престижната титула „зелен град”, зашто тоа му дава поголема вредност на градот во секоја смисла и во поглед на квалитетот на живот на жителите и во поглед на развојот на туризмот, наведува ДОМ.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана