ДОМ: Ја напуштаме коалицијата со СДСМ
Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа на 21 јуни 2025 година (сабота) донесе три важни одлуки кои ја поставуваат идната политичка насока што води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност. Со чувство на обврска кон сите граѓани и граѓанки кои веруваат во зелена, праведна, демократска и европска иднина на Македонија, Централниот одбор на ДОМ избра визија, храброст и граѓанска вклученост.
Првата одлука се однесува на напуштање на коалицијата со СДСМ и истата претставува принципиелен исчекор кон заштита на вредносниот интегритет на ДОМ. Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока на самостојно, јасно и идеолошки доследно политички дејствување. ДОМ коалициите ги разбира како алатка за остварување на заедничките вредносни цели, но кога тие се губат, доаѓа моментот за нова насока. Оваа одлука е донесена со целосна почит кон соработката од минатото, но како политичка партија која се стреми кон инклузивност, доследност и отвореност, ДОМ верува дека дојде време за нова, самостојна и одлучна насока.
На седницата на Централниот одбор беше донесена и одлука со која ДОМ се отвора за вистинско партнерство со граѓанскиот сектор, локалните заедници и сите кои се борат за зелена, праведна и европска иднина. „Тивките“ коалициони партнери во два наврати едногласно гласаа за ограничување на граѓанското право на учество - ги избришаа независните кандидати од изборната игра. И затоа со оваа одлука го најавуваме формирањето на „Коалиција за зелена иднина“, отворена платформа за идеи, заедничка акција и поддршка на автентични локални кандидати од граѓаните за граѓаните. Оваа одлука е одговор на политичката затвореност, игнорирањето на граѓанските иницијативи и девалвацијата на меритократијата. Наместо следбеници, ДОМ ќе гради инклузивни политики со соработници. Воедно, ДОМ упатува отворен повик до сите активисти и активистки од граѓанскиот сектор, до младите и студентите и до сите граѓани и граѓанки кои се залагаат за еколошко, праведно, одржливо и европско општество: да влијаеме заедно, да делуваме здружено и да ја изградиме зелената иднина на Македонија.
Третата одлука што ја донесе Централниот одбор е одлуката за настап на претстојните локални избори без партнери од традиционалниот политички спектар. Одлуката претставува политички избор што произлегува од желбата на членовите на ДОМ да градат нова култура на локална политика: автентична, вредносно доследна и поврзана со вистинските потреби на локалните заедници. Во оваа насока на исполнување на политичка волја на членството, ДОМ ја нуди својата структура, знаење и поддршка во сите општини каде што има луѓе со идеи, со интегритет, со врска со својата заедница и САМО за граѓаните. Наместо компромиси со политички партнери без визија, ДОМ ги отвора вратите САМО за граѓанските сојузници кои ја споделуваат вредносната мисија за зелена, праведна и инклузивна локална политика.
Со овие одлуки, ДОМ го проширува политичкиот простор за сите кои со години се бореле, но не биле слушнати и за сите оние кои сметаат дека „Коалиција за зелена иднина“ е неопходното нешто за нашата татковина. За сите што сè уште веруваат дека политиката може да биде доследна, вредносна и етичка. Испраќаме јасна порака: време е за принципиелна коалиција меѓу политиката и вистинскиот глас на граѓаните и граѓанките. Ги повикуваме секој и секоја што веруваат во зелена, праведна и европска иднина – да ни се придружат. Ова е повик за сојузништво и храброст. За ново лице на Македонија.
Ново на Сител
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада
-
Вреди во Струга со независен кандидат, ДУИ се уште договара широка коалиција
-
Без дебата реформските закони за администрацијата го поминаа првиот собраниски филтер
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран