ДОМ ги избра кандидатите за пратеници

Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) синоќа ги избра кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори и донесе одлука за коалициски настап во рамки на опозициската коалииција предводена од СДСМ.
Кандидати за пратеници се Маја Морачанин на, соопштуваат од ДОМ, добитното четврто место во втората ИЕ, од која позиција претходно се откажа Лилјана Поповска, претседателката на партијата. Поповска ќе биде кандидат за пратеник во првата ИЕ, а Валентин Тасевски од Тетово во шестата ИЕ.
Од ДОМ појаснуваат дека и покрај нивните заложби за самостоен настап, оцениле оти моментно е неопходно групирање на силите, за да се постигнеле промени во насока на функционална и демократска правна држава. Коалицискиот парнер, како што информираат, презел обврска дека ќе обезбеди промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи, како и реализација на редица приоритети од зелената програма на ДОМ.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
