ДОМ: Европските зелени со поддршка на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
На 29 Собрание на Европските зелени, кое се одржа од 23 до 25 ноември, во Берлин, европратеникот од холандската зелена партија , Бас Еикхоут искажа јасна поддршка за интеграцијата на државите од Западен Балкан во Европската Унија. “Европските зелени остануваат доследни на ставот за понатамошно проширување на ЕУ, со фокус на приоритетот за интеграција на државите од Западен Балкан, преку исполнување на Копенхагенските критериуми”-истакна тој. Бас Еикхоут и Ска Келер-европратеничка од германските Зелени, беа избрани за лидери на кампањата на Европската зелена партија за европските парламентарни избори, кои ќе се одржат во мај 2019 година.
На Собранието беше усвоен зелениот Манифест, во кој се содржани главните приоритети на Зелените за следната година:
- Борба против климатските промени, со напуштање на јагленот, промоција на енергетската ефикасност и транзиција кон 100% обновливи извори на енергија.
- Инвестирање само во Зелена економија, истражувања и иновации.
- Гарантиран пристоен минимален приход во земјите членки.
- Почитување на владеење на правото и фундаменталните права, поголема транспарентност и борба против корупцијата.
- Одбрана на правото на азил и овозможување легални и безбедни канали на миграција.
- Возовите- реална алтернатива на авионите во Европа.
- Заштита на здравјето на граѓаните преку борба против загадувањето на воздухот и водата и стопирање на пластичниот отпад.
- Производство на квалитетна, локална храна, без ГМО и пестициди, фармерство без суровост кон животните.
- Гарантиран слободен пристап до квалитетно образование, фер платено стажирање и добри работни места за младите.
- Борба за праведно оданочување, веднаш.
- Борба за феминистичка Европа, против родово базирано насилство и за еднакви права за сите.
- Стопирање на извоз на оружје за диктатори и завојувани страни и поттикнување на развој.
Ново на Сител
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
-

ДУИ прогласи победа на локалните, бара предвремени избори - ВРЕДИ за 2 круг ќе остават гласачите сами да одлучуваат
-

Со булдожери се чисти ѓубрето низ Скопје, Комунална хигиена се прави дека не ги гледа
-

ИЈЗ: Стабилна е епидемиолошката состојба - нема зголемен број на болни поради отпадот по улиците во Скопје
-

Проекти и ветувања на кандидатите кои влегоа во втор круг во трка за градоначалнички функции
-

Неврологот Игор Кузмановски ќе добие лиценца откако ќе помине обука со ментор и ја докаже стручноста
-

Удар врз металската индустрија од новата давачка од Унијата – „Загадувачот плаќа”

