ДОМ: Да се намали употребата на дизелот, а не акцизата
ДОМ е категорично против најавеното барање на опозицијата за намалување на акцизата на дизел горивата. Зголемувањето на акцизата за 3 денари, воведено годинава, претставува добар метод на дестимулација на употребата на дизел горивата, што е еколошка мерка. Дизел горивата се меѓу најштетните загадувачи на воздухот, поради што намалувањето на нивната употреба води кон намалување на аерозагадувањето.
Токму затоа, градовите Рим, Париз, Атина, Мадрид, Мексико Сити, најавија забрана за сите дизел возила во централните зони од 2025 година. Сојузниот суд во Германија неодамна донесе одлука дека при зголемено аерозагадување, на старите автомобили со дизел мотор ќе им биде забранет пристап во централните градски зони.
Потсетуваме дека во последните неколку години, аерозагадувањето во Македонија достигнува енормни нивоа, а Скопје и Тетово се на врвот на листата на најзагадени градови во Европа. Загадениот воздух предизвикува болести на срцето, крвните садови и дишните органи и е причина за смрт на преку 1300 наши сограѓани годишно. Според Светска банка аерозагадувањето ја чини Македонија 253 милиони евра годишно.
Со цел намалување на аерозагадувањето и поефикасна борба против климатските промени, голем број држави веќе најавија забрана за продажба на нови автомобили кои користат бензин или дизел од 2030, односно 2040 година. Сите нови возила во Норвешка мора да бидат со 0 емисии до 2025, во Холандија до 2030, а во Шведска и Шкотска до 2032 година. Франција и Велика Британија ќе ја забранат продажбата на нови возила на бензин и дизел од 2040 година.
За обезбедување на здрава животна средина и здравје на граѓаните, Македонија треба да го следи европскиот тренд на транзиција од дизел возила кон електрични возила.
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран