Долна Саксонија го забрани симболот „Z“
Германската сојузна покраина Долна Саксонија ја забрани употребата на знакот „Z” (З), кој стана симбол на поддршка за руската инвазија на Украина, соопшти Министерството за внатрешни работи на сојузната покраина.
– Секој кој ја поддржува руската агресија преку симболот „Z” мора да смета на кривично гонење во Долна Саксонија, изјави министерот за внатрешни работи на Долна Саксонија, Борис Писториус.
За ова кривично дело законот предвидува парична казна или затвор до три години.
Тој објасни дека е „целосно неразбирливо” да има луѓе кои го поддржуваат „ова злосторство” преку симболот „З” во Германија.
Писториус соопшти дека во Долна Саксонија, во неколку наврати во последните денови, имало случаи да се истакнува зимболот Z, кој руските војници го користат на својата моторизација при нападот на Украина, а кој во меѓувреме се претвори во симбол за поддршка на руската агресија врз Украина.
Ново на Сител
-
Приведен возач од Македонски Брод, возел со 2,82 промили алкохол во крвта
-
ЕУ дозволи недржавни знамиња во публика, забраната за изведувачите останува
-
Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина
-
Приведен криминалец баран со потерница, се обидел илегално да ја премине границата
-
Приведен 40-годишен маж, возел со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80
-
Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година
-
По 14 денови прекината блокадата на РТС
-
Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија