Докторот на данската репрезентација: Ериксен беше клинички мртов ама го вративме во живот
Докторот на данската фудбалска репрезентација раскажа што се случило кога на вчерашниот натпревар помеѓу Данска и Финска, фудбалерот Кристијан Ериксен загуби свест и падна на тревникот во текот на првото полувреме.
По речиси 2 часа натпреварот беше продолжен по што Данса загуби од Финска на домашен терен во Копенхаген во првото коло од групата Б на Еуро 2020, но резултатот остана во сенка на ситуацијата која се случи во завршницата од првото полуувреме, кога Ериксен наеднаш се онесвести.
„Кога дотрчавме до него, тој дишеше. Проверивме пулс и имаше. Меѓутоа, наеднаш прекинавме да чувствуваме пулс. Почнавме веднаш да реагираме за да го одржиме во живот. За среќа, тој остана со нас“, вели докторот на репрезентацијата на Данска.
Откако му беше укажана медициска пмош, по 30-минутна борба за живот во свесна состојба беше пренесен во болница.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
