Дојран исполнет со туристи за Илинден
Во пресррет на националниот празник Илинден, дојранските плажи се претесни да ги примат сите гости. Уште викендов во голем број туристите пристигнуваа, а денеска веќе го преполнија Дојран за кого традиционално шпицот од сезоната е токму во месец август, изјавија денеска за МИА од Туристичкото биро во Дојран.
- Викендите кај нас секогаш се бара место повеќе. Приватните сместувачки капацитети кои располагатаат со 12.000 легла се исполнети до последното место и од тоа нема отстапување секој викенд кога Дојран како Град на културата изобилува со концерти и културни настани, изјави Бранко Попов од Туристичкото биро во Дојран.
Сепак, годинава, вели тој, поради негативната кампања со забраната за капење, која од неодамна е симната, бројот на постојаните гости кои го минуваат одморот покрај Дојранското Езеро е осетно намален а капацитетите се пополнети од 60 до 70 отсто.
Поради таа причина, истакна Попов, годинава не се очекува да биде постигнат резултатот од претходната туристичка сезона во која беа остварени околу 200.000 ноќевања во Дојран.
Ново на Сител
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат