-->
-->
Дојран: 42 мигранти пронајдени во камион, возачот и совозачот избегале кога ја забележале полицијата
-->
Синоќа околу 01.00 часот на излез од Стар Дојран, во нас.Карач, полициски службеници од Рeгионален центар за гранични работи Југ во товарно возило влекач „ман“, со штипски регистарски ознаки со приколка, пронашле 42 мигранти (41 од Сирија и 1 од Бангладеш), кои биле предадени за понатамошна постапка, по што ќе бидат спроведени до Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, соопштија од МВР.
Имено, откако возачот и совозачот на товарното возило ги забележале полициските службеници, скокнале од возилото во движење и избегале, а возилото се вратило назад и удрило во службено возило на МВР.
Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб
-
Тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје
-
Наставник физички нападнал ученик во Кисела Вода
-
Тешко повреден полицаец откако во него удрило патничко возило
-
Прегазен пешак во Охрид
-
ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче
-
Кашиковски: Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест