Дојава за борба со кучиња во Желино

Две лица, М.М.(19) од Желино и А.М.(22) од тетовска Мала Речица биле пресретнати од полицијата како водат две кучиња од расата Боксер, откако вчера околу 17 часот во полиција примиле телефонски повик од граѓанин дека кај спортското игралиште во Желино се организираат борби со кучиња.
Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, веднаш била испратена екипа на полицијата која ги видела двете лица со кучињата.
- На самото место биле пронајдени траги од крв и други траги што биле подигнати за вештачење. М.М. и А.М. в понеделник ќе бидат повикани на разговор во полициската станица во Групчин и по целосно расчистување на случајот против нив ќе има соодветен поднесок, рече Јосифовски.
Според законските прописи, организирањето на борби со кучиња освен како нарушување на јавниот ред и мир, односно прекршочна пријава во зависнот од околностите и последиците може да се третира и како кривично дело.
Ново на Сител
-

Францускиот премиер ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и министри за внатрешни работи
-

Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
-

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски
-

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер
-

Минусни утрински температури - најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
-

И во 2026 година, евтина дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот
-

Градоначалник на Њујорк Мамдани денеска ја презема функцијата
