Договорот меѓу Македонија и Грција ќе биде потпишан во Псарадес и Отешево
Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Република Грција ќе биде потпишан утре во Псарадес на грчка страна од Преспанското Езеро, по што официјалната средба на двете делегации ќе продолжи на македонската страна на Преспа, во Отешево, соопшти вечерва владината прес-служба.
Потписи на договорот ќе стават министрите за надворешни работи двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот во преговорите, амбасадорот Метју Нимиц.
Делегацијата на Владата на Република Македонија на свечената цермонија на потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, ќе ја преводи премиерот Зоран Заев. Во владината делегација ќе бидат и вицепремиерите - министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, министерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Македонската делегација во Псарадес ќе биде пречекана од грчкиот премиер Алексис Ципрас и шефот на дипломатијата Никос Коѕијас.
Предвидено е на свечената церемонија во Република Грција, обраќања да имаат премиерите Заев и Ципрас. Претставниците на владите на двете земји потоа заминуваат за Отешево каде што ќе биде одржана официјалната средба на двете делегации, ќе има билатерален разговор и свечен ручек.
На церемонијата во Псарадес и во Отешево ќе присуствуваат потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, како и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри
-
Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев
-
Коцевски: Нема политичко влијание врз мојата работа, но Обвинителството се соочува со сериозни предизвици