Додовски: Ќе ги поддржиме инвестициските програми за три ЈП на Град Скопје
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје најави дека на денешната седница ќе ги поддржи предложените инвестициони програми на јавните претпријатија за 2017-та година со кои се предвидува опремување на јавните претпријатија.
- На денешната седница ќе бидат предложени инвестициони програми на три јавни претпријатија во кои се предвидени инвестиции во набавка на механизација, опрема, возила и други важни инвестиции во износ од над 212 милиони денари или околу 3,5 милиони евра, изјави Марјан Додовски, советник во Град Скопје.
Тој посочи дека за ЈП „Паркови и зеленило“ се предвидува набавка на нова опрема во висина од над 20 милиони денари, а за потребите на ЈП „Улици и патишта“ 25 милиони денари за возила и механизација и и 30 милиони денари за изградба на нови простории за секторот механизација. За ЈП „Комунална хигиена“ се планира набавка на нова механизација и возила за што ќе бидат одвоени околу 72 милиони денари, за набавка на дополнителна опрема околу 20 милиони денари и 45 милиони денари за реализација на проекти како постапување со отпадот, поставување на подземни контејнери, рециклажа и собирање на кабаст отпад.
Додовски потсети дека на минатата седница на Советот на Град Скопје биле усвоени инвестициските програми на јавните претпријатија „Градски паркинг“, „Водовод и канализација“ и ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-
Шварценегер: Имигрантите во САД се гости
-
Приведен тетовец, возел со брзина од 156 км на час на место каде дозволената брзина е 80
-
„ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво
-
Путин ќе се обрати пред новинари на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург
-
ФА го обвини судијата Кут поради коментарите за Клоп
-
Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници во собраниската Комисија за финансирање и на пленарна седница
-
Осум лица, меѓу кои четири деца евакуирани од Израел
-
Израел им забрани на граѓаните да ја напуштат земјата со авион