Додик во Москва на средба со Путин
Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, потврди неговата советничка Ана Тришиќ-Бабиќ.
Тришиќ-Бабиќ изјави дека на средбата меѓу Путин и Додик „се очекуваат разговори за сериозни економски прашања“.
„Очекуваме да се разговара за сериозни економски прашања за кои денес зборуваат сите сериозни политичари, како да ја поминеме оваа зима, пролетта и следната зима“, изјави таа за Алтернативната телевизија на Бања Лука.
Според неа, претстојната средба во Москва е продолжение на разговорите што почнаа на Економскиот форум во Санкт Петербург на крајот на јуни.
„Една од темите на состанокот ќе биде енергетската ситуација и како Република Српска да помине што е можно подобро во сето ова што се случува. Веројатно ќе има и дискусија за тоа до каде сме стигнале со проектот за гасоводот од Србија до Република Српска“, додаде Тришиќ-Бабиќ.
Таа, исто така, рече дека Русија секогаш нагласува дека ја поддржува дејтонската Босна и Херцеговина во нејзините граници, почитувајќи ги трите конститутивни народи и два ентитета, како што е наведено и во Уставот на Босна и Херцеговина.
Додик патува за Москва на крајот на кампањата за изборите на 2 октомври, на кои ќе се бори за функцијата претседател на РС.
Ново на Сител
-

ЦИА декласифицираше белешки за Ал Каеда
-

Кривична пријава против 27 лица за незаконско внесување категории во возачки дозволи
-

Тешка сообраќајна несреќа кај Миладиновци, наредби за обдукција на две починати лица
-

Удрил полицаец па во полициското возило при обидот да избега - МВР со детали за директорот од „Царина“ фатен со 17.500 евра мито
-

21 годишен фудбалер на Тетекс загина во тешка сообраќајна несреќа
-

ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола
-

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција
-

Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
