Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, повторно без пречки ја напушти територијата на Босна и Херцеговина и се наоѓа во Белград, иако против него е распишана централна потерница, објави Анадолија.
Додик се појави во живо на белградската телевизија Информер ТВ, заедно со потпретседателот на Владата на Србија, Александар Вулин.
Причината за неговиот престој во Белград е учеството на вечерашниот митинг „Не ја даваме Србија“, организиран како поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ.
Централната потерница за Додик беше распишана од Судот на Босна и Херцеговина на 17 март, откако тој, заедно со премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, не се одазвале на повикот на Обвинителството на БиХ, каде биле повикани како осомничени за загрозување на уставниот поредок.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски