Додик: Со Путин разговарав повеќе од еден час, за РС постојат два правци
Претседателот на ентитетот Република Српска Милорад Додик денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за неговата посета на Русија. Тој се пофали дека со претседателот на Русија Владимир Путин разговарал повеќе од еден час, пренесува Кликс.
- Разговаравме на различни теми. Имав можност да го запознаам Путин со декадентното однесување на Западот во однос на човек кој не е легално избран за висок претставник“, рече Додик.
Тој додаде дека со Путин разговарал и за тоа како Русија ќе се однесува во однос на можноста високиот претставник Кристијан Шмит да му наметне одредени решенија на овој ентитет во однос на државниот имот.
Додик истакна дека во случај Шмит да наложи одлука за државниот имот на РС, истиот ден ќе одржи седница на Националното собрание и ќе донесе одлука за идниот статус на Република Српска.
- Реков дека тоа е ѕид за нас. Постојат два правци - едниот е да исчезнеме и да престанеме да постоиме, а другиот е да ја зачуваме нашата независност. Морам да кажам дека одговорот што го добив е навистина охрабрувачки. Путин ја разбира ситуацијата и РС нема да биде оставена сама, нагласи Додик.
Тој заклучи дека Русија отсекогаш го слушала гласот што доаѓа од ентитетот РС и „јасно зборувала за злоупотребите извршени од високи претставници на континуирана основа“.
Ново на Сител
-
Комората на Македонија - Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован – годинешни младенци за Галичка свадба
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни