Македонија
4. July 2025 - 16:46

Комората на Македонија - Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“

Учениците од основното „Иднина“ од септември ќе учат во просториите на средното училиште за рехабилитација и образование. Во оваа училишна зграда со донација од 100 000 евра од стопанската комора на Македонија Турција ќе се реновираат и адаптираат повеќе училници. Ова ќе биде привремено решение за околу 70 редовни ученици и уште 130 со кои се работи по индивидуални програми. 

Во основното училиште „ Иднина“ во Чаир е ставен клуч на врата бидејќи зградата повеќе не е безбедна за учениците. Објектот кој е изграден во 60те години од минатиот век е пред распаѓање. Училиштето ќе биде срушено и ќе се гради ново. 

Во средното стручно училиште „Наум Охридски“ има и ученички дом а настава следат 147 ученици. Постојат 6 струки, кои се поделени во 9 образовни профили а по завршувањето учениците се стекнуваат со Уверение за стручно оспособување.