-->
-->
Додик повикан на сослушување во врска со референдумот во РС
-->
Претседателот на Република Српска Милорад Додик е повикан на информативен разговор во својство на осомничен во предмет во врска со одржување на референдумот за Денот на РС, јави Фена.
Во Обвинителството и е потврдено на агенцијата дека Додик е повикан да сведочи во предмет што се однесува на неизвршување одлуки на Уставниот суд на БиХ. Обвинителството на БиХ претходно соопшти дека во врска со тоа собира одредени докази и неколку лица ќе бидат повикани на сослушување.
Весникот Дневни авз повикувајќи се на извори во Стејт департментот објави дека САД бараат санкции за организаторите на референдумот во РС. – Тие кои ги поткопуваат дејтонските институции мора да се сметаат за одговорни за своите дестабилизирачки акции, објави весникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари
-
Штети во Скопје по силното невреме
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден број пријави на штети по вчерашното невреме
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските