Доделување на признанието „Најдобар млад научник“ за 2015
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе го додели признанието „Најдобар млад научник“ за 2015 година, чија цел е да се поттикне развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст.
Признанието „Најдобар млад научник“ за врвни научни достигнувања се доделува шести пат. Даниел Денковски, кој работи на полето на електротехниката и информациските технологии е носител на признанието за 2014, а во 2013 година признанието го доби Петар Стојанов за истражувачка работа во областа на биоинформатиката.
Во 2012 година за најдобар млад научник беше избрана Катерина Бачева за истражувачка работа во областа на аналитичката хемија и хемија на животната средина, а во 2011 година беше избран Трифче Сандев за истражувачка работа во сферата на физиката и математичката физика. Признанието првпат (за 2010 година) му беше доделено на Никола Златанов за истражувачка работа во полето на безжичните телекомуникации.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ