Доделување на наградите Жан Моне

Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Советот за
етика во медиумите вечерва ќе ги додели наградите „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија и
најдобра репортерска фотографија, како и за најдобра аматерска сторија.
Наградата за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија се на тема „Градење доверба во несигурни времиња”, а наградата за најдобра аматерска фотографија ќе се додели за темата „Нашата различност, наша сила”.
Наградите ќе ги доделат евроамбасадорот Самуел Жбогар и почесниот претседател на жирито за наградата „Жан Моне“, Надежда Гаче.
Со жирито годинава претседава Надежда Гаче, актуелен директор и главен и одговорен уредник на неделникот Нови Магазин, Србија, која има долгогодишно искуство како уредник на некои од најголемите српски медиуми како ТВ Белград, Борба, Данас. Таа исто така била и претседател на Здружението на новинари на Србија.
Наградата, која годинава се доделува по 16-ти пат се состои од мали статуети за сите победници и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра за победниците во категоријата најдобра новинарска сторија и најдобра професионална фотографија, како и ваучер во вредност од 500 евра за победникот во категоријата најдобра аматерска фотографија.
Ново на Сител
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
