Доделување на наградите од конкурсот „Изрази се преку медиумите“
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ денеска ќе ги прогласи најдобрите медиумски производи испратени од 50-ина средношколци од цела Македонија на конкурсот „Изрази се преку медиумите“.
На конкурсот се бараше од учениците да предложат решение за проблем во општината во која живеат преку продукција на различни медиумски производи - постер, фотосторија или едноминутно видео.
Тројцата најуспешни автори од секоја категорија ќе добијат награди (таблет, мобилен телефон и камера ГоПро), а уште десет најкреативни ученици ќе учествуваат на летниот камп за медиумската писменост што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе го организира во јуни во Штип.
Апликациите ги избра комисија составена од предавачи на Високата школа и уредници на дневниот весник „Нова Македонија“.
Ново на Сител
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет