Доделени првите лиценци за инспектори
Во Македонија на годишно ниво се извршуваат по 800.000 инспекциски надзори. Во нив има наоди и казни, но и голем број надзори кои поминуваат без санкции и забелешки што покажува дека имаме субјекти кои ги почитуваат законите.
Ова, во изјава за медиуми, го порача претседателот на Инспекцискиот совет Иринка Ќосева пред доделувањето на лиценците на кандидатите кои успешно го завршија испитот за инспектор. Таа порача дека инспекторите генерално ги познаваат законите и ги почитуваат, а непочитување на законот од страна на субјектите е забележано во сите области, особено во областа на трудот и пазарот.
- Во европските системи за инспекциски надзор многу големо внимание се посветува на приницпот на доброволна усогласеност со законите што е превентивната улога на инспекцискиот надзор, на која работи и Инспекцискиот совет. Тоа подразбира да се зголеми свесноста кај субјектите на инспекциски надзор за законските барања и да ги натераме доброволно да ги почитуваат, а не со казни и репресивни мерки, изјави Ќосева.
На доделувањето на лиценците присуствуваше и заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски кој порача дека МИОА во соработка со Инспекцискиот совет подолг временски период е дел од континуираниот процес на реформа на инспекциските служби како резултат на кој се донесени законските и подзакноските акти во таа област.
- Актите се насочени кон подигнување на квалитетот на работата на испекциските служби и обезбедување поголема независност на испекторатите. Станува збор за системски проекти кои се изработени во соработка со релевантни меѓународни инвестиции, а се вклучени и голем број домашни и странски експерти, изјави Муцунски.
Тој истакна дека инспекциските служби придонесуваат за доследно спроведување на позитивната регулатива во државата, а истовремно значат и заштита на владеењето на правото.
- Воведувањето на лиценца за инспектор е новина опфатена со Законот за инспекциски надзор. Познавањето на општата управна постапка, инспекциската, прекршочната постапка, како и посебната постапка од областа на инспекциската служба, претставуваат основни и клучни предуслови за секој инспектор, кој преку полагањето на испитот, ја докажува и покажува својата стручна подготвеност, рече Муцунски.
Инспекцискиот совет денеска им додели лиценци на 1.040 кандидати кои успешно го положија испитот за инспектори.
При крајот на 2015 и почетокот на 2016 година Инспекцискиот совет организираше обуки за 45 различни видови на инспектори. Сите инспектори поминаа низ процес на обуки пред да почнат да го полагаат испитот за инспектори. Во првата испитна сесија беа поднесени 996 барања за полагање на испит за инспектор, а испитот успешно го положија 904 кандидати. Во втората испитна сесија се пријавија 188 кандидати од кои испитот го положија 136.
Лани во април Инспекцискиот совет им издаде привремени лиценци на 759 инспектори, а согласно законот до 1 јули годинава сите привремени лиценци треба да се заменат со новите лиценци кои ќе бидат со трајност од шест години.
Ново на Сител
-
Ахмети упати честитки до Трамп за победата на изборите за претседател во САД
-
Први политички реакции по победата на Трамп на изборите во САД
-
Во Берово најстудено со - 5, Охрид, Виница и Гевгелија измерени 4 степени
-
Трамп: Испишавме историја
-
САД/Избори: На Трамп му требаат уште четири електорски гласови за да победи на претседателските избори
-
Вучиќ: Полицијата покажа воздржаност во Нови Сад, секој насилник ќе биде уапсен
-
Претставен паметниот телефон „Уанплус 13“
-
Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда