Доделени признанијата 8-ми ноември за Денот на ослободувањето на Штип
По повод 8. Ноември-Денот на ослободувањето на Штип денеска на свечена седница на Советот на Општина Штип на Лидија Коцева раководдител на водоводниот систем во ЈП „Исар“, на универзитетскиот професор Марија Емилија Кукубајска и на балканскиот и европски шампион во карате Емил Павлов им беа врачени признанијата 8-ми Ноември.
Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев во своето обраќање истакна дека 8. Ноември како значаен датум од историјата, во актуализирана смисла ја потврдува способноста и борбеноста на штипјани, и на сите Македонци при стремежот за ослободување од поробувачот.
- 8.Ноември е симбол на остварувањето на вечниот стремеж за слобода. Нашата цел, 71 година подоцна, е да го зајакнеме квалитетот на сите услуги што Општината ги нуди. Да создаваме и создаваме одлични инфраструктурни услови во сите наши урбани и рурални заедници. Асфалтирањето улици, реконструкцијата на постојните, изградбата на комплетно нови патишта во нашите села и населби, инсталирањето и реконструкцијата на водоводната и канализационата мрежа, изградбата на нови спортски терени и уредувањето на паркови содржини - претставуваат активности што во последниов период имаат невиден подем во нашиот Штип. Сето тоа за добро, квалитетно, еколошки чисто и здраво живеење на секој наш сограѓанин, рече Захариев.
Тој истакна дека по 71 година Штип е вистински центар на регионот, имајќи предвид дека изминатите години Владата ги реализираше проектите, како што е отварање на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, изградбата на автопатот Штип-Миладинвци, потоа најавената изградба на автопат до Кочани и експресен пат до Радовиш.
Захариев најави дека наскоро штипјани ќе добијат и нова Клиничка болница, која ќе биде градена согласно сите стандарди и ќе опслужува потенцијални 200.000 пациенти од истокот.
Што се однесува за инвестициите на локалната валст Захариев вели дека годинава најмногу се инвестираше во патната инфарструктура, граѓаните од неколку населби кои газеа по кал, имаа стари и уништени улици во текот на изминатите месеци им се реши проблемот со асфалтирање. Неколку села и приградски населби, подвлече, конечно добија водовод и канализација, а во текот на наредниот период ќе се решат проблемите во населбите Три чешми, Света Недела, Дузлачки рид и Караорман.
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство