Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Сѐ во исто време“
Американската Академија за филмски уметности и науки ги додели вредните статуетки на свеченоста што се одржа утрово во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот за „Сѐ во исто време“ (Everything Everywhere All at Once) триумфираше на годинашното, 95-то доделување „Оскари“, со седум освоени одличја, од вкупно 11 номинации.
„Сѐ во исто време“ ги доби признанијата за најдобар филм, женска главна улога (Мишел Јео), женска и машка споредна улога (Џејми Ли Кертис и Ке Хуј Кван), монтажа, како и најдобра режија и оригинално сценарио (и двете награди за Даниел Кван и Даниел Шајнерт).
Водител на емисијата беше комичарот Џими Кимел.
Кај мажите, во категоријата најдобра главна улога, „Оскарот“ отиде во рацете на Брендан Фрејзер за „Кит“.
Најдобро адаптирано сценарио, според Академијата, е она за филмот „Жените зборуваат“ на режисерката Сара Поли.
„Оскарот“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, го доби остварувањето „На Запад ништо ново“ (Im Westen nichts Neues) од Германија. Филмот ги освои и наградите за кинематографија, продукциски дизајн и филмска музика.
Одличјето за најдобар звук го доби филмот „Топ ган 2: Маверик“, а најдобри визуелни ефекти има „Аватар 2: Патот на водата“.
Наградата за шминка и фризура отиде за филмот „Кит“. Признанието за костимографија го доби филмот „Црниот Пантер: Ваканда Засекогаш“.
Најдобра филмска песна е „Naatu, Naatu“ од индиското остварување „Р.Р.Р.“
За најдобар анимиран филм е прогласен „Пинокио“ на Гиљермо дел Торо, а за краток анимиран филм, „Оскарот“ отиде кај „Момчето, кртот, лисицата и коњот“. Најдобар краток филм, според Академијата, е „Ирско збогување“.
Најдобар документарен филм е „Навални“ на режисерот Даниел Роер. Најдобар краток документарец е „Слонови шепкачи“ на Картики Гонсалвес.
Ново на Сител
-
Тошковски нема да си даде оставка како што побараа денеска од СДСМ по двојното убиство, па самоубиство во Велес
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
-
Извршен увид во Трубарево – четворицата осомничени добија уште 48 часа притвор