Доделени наградите на СОКОМ за 2016 година

Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ ги соопшти добитниците на традиционалните годишни награди од областа на современото музичко творештво и исполнителство.
Музиколозите Елени Новаковска и Јулијана Папазова за монографијата “Маестро Александар Џамбазов, Живот низ сеќавања, афоризми, сентензии”, издание на Центарот за музикологија - ЦЕМ од Скопје ја добија наградата „Панче Пешев“ за 2016 година.
Во образложението за доделувањето на оваа награда, која се смета за највисоко професионално признание кое СОКОМ го доделува на музички творци и музички писатели со цел да се истакнат најзначајните достигнувања во областа на музичкото творештво и музикологијата во текот на една година, се наведува дека Монографијата го прикажува животниот и творечкиот пат на Џамбазов.
- Содржината е поделена во три централни делови: биографија; професионални активности (диригент, композитор, аранжер, организатор, општествен деец) и музичка анализа на творештвото. Овој темелен, квалитетен и обемен музиколошки труд има огромно значење и поради тоа што овозможува да се запознаеме не само со активностите на Џамбазов, туку и со историјата на македонската музичка култура, се посочува во образложението.
Наградата „Георги Божиков“ која се доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година, за 2016 година се доделува на Гудачкиот квартет „МИВОС“ од САД, кој го сочинуваат виолинистите Оливија Де Прато и Такао Хјакутоме, виолистот Виктор Лори и челистката Мариел Робертс, сите дипломци на програмата Мајстори за современа изведба на Школата за музика на Менхетен.
- Основната премиса на нивната мисија се нарачките на композиции што резултираат со премиерни изведби, па така во портфолиото на МИВОС сега се вбројуваат и македонските дела „Распеви“ од Гоце Коларовски, „Имплозија“ од Маријана Јаневска и „Празнината“ од Валентина Велковска – Трајановска. Настапот на квартетот МИВОС на „Деновите на македонска музика“ домашната критика го оцени како „исполнителско мајсторство со интонативна прецизност, способноста за постигнување на различни звучни спектри и ефекти, солидната изведувачка техника“, стои во образложението од СОКОМ.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на завршниот концерт на „Деновите на македонска музика“ со Македонската филхармонија, утревечер (13 април) во 20 часот во концертната сала на Домот на АРМ.
Ново на Сител
-

Евростат: Дизелот во ЕУ во март поскапе речиси 20 отсто
-

Зголемен број на деца со респираторни инфекции во Куманово, дневно по околу 80 прегледи
-

Клековски: Се разгледуваат можности за здравствено осигурување на лица под 18 години, за доставувачите на храна и за т.н. „фриленсери“
-

Астрономот Николај Железнов: Во овој момент во Сончевиот систем не постојат астероиди кои претставуваат реална закана за Земјата, но во иднина е можно да се појават
-

Клековски: Нема категории граѓани кои не се покриени со здравствено осигурување
-

Царинска управа: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц
-

Над 230 основци од Скопје учествуваа на креативен и едукативен настан „Зеленикс – од предизвик до иновација”
-

Поради влажни коловози и одрони се препорачува внимателно возење во поширокиот дебарски регион
