Доделeни државните награди „Св. Климент Охридски“
Државните награди „Св. Климент Охридски“ за 2015 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштита и унапредување на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија, денеска им беа врачени на проф. д-р Горан Ајдински, проф. д-р Ратомир Грозданоски, на Раде Силјан и на доц. д-р сци. Аспазија Софијанова.
За остварување во областа на воспитанието и образованието наградата ја добија проф. д-р Горан Ајдински, дефектолог и проф. д-р Ратомир Грозданоски, теолог, библист и филолог, додека за остварување во областа на културата и уметноста наградата му беше доделена на Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист. За остварување во областа на здравството наградата ја доби доц. д-р сци. Аспазија Софијанова-педијатар.
Наградите на добитниците на наградите им ги врачи Академик Витомир Митевски, претседател на Одборот за доделување на наградата, кој во обраќањето по овој повод говореше за делото и големото значење на „Св. Климент Охридски“.
Обраќајќи се во име на добитниците на наградите Раде Силјан, пред присутните гости меѓу кои и архипиескопот охридски и македонски г.г. Стефан, истакна дека кога се слави името и делото на Св. Климент Охридски всушност го славиме македонскиот духовен и историски континуитет низ вековите.
- На овој светол празник се навраќаме на традицијата за побргу да се препознаеме во сегашноста. Големото светиклиментово дело е препознатлив белег за Македонците, тоа е сврзното ткиво за нашиот духовен идентитет, непроценливо богатско и наследство по кое се препознаваме како длабок народ, со длабоки корени. Климентовите наследници, писатели, доховници, светители, градители фрескосликари и резбари го продолжиле неговото дело и создавале нераскинлива историска врска, рече меѓу другото Раде Силјан.
Ново на Сител
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
-
Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство
-
Марта Кос: Владата во Србија не исполни ниту една од реформите што ги вети во декември
-
Управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта, приведен 68-годишник од Ресен
-
ФБИ ќе го зголеми фокусот кон илегалната имиграција
-
МВР: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови