Доделена парична награда за првороденото дете во Новата 2023 година во Берово
Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски денес ја додели паричната награда за првото новороденче во Новата 2023 година. Првото новороденче во Берово е девојче, родено е на 1 јануари, во Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје и е прва рожба во семејството Зелнички од Берово.
– Денеска во мојот кабинет го примив среќниот татко на кој му доделив финансиски средства, од Буџетот на општина Берово, во износ од 10.000 денари за првороденото дете, чии родители се жители на Општина Берово, како и 6.000 денари за новородено дете. Упатив срдечни честитки за новата рожба на родителите Благој и Марјана, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех на семејството Зелнички во новата година и среќно детство, да расте со многу љубов и здравје, нивниот нов член, рече Пекевски.
Децата како што додаде се најголемо богатство и најголема вредност за едно традиционално семејство, а секоја нова рожба, носи нова радост, нова надеж и иднина.
Локалната самоуправа како што посочи останува и понатаму посветена на стимулирање на наталитетот, изразувајќи надеж дека оваа година Општина Берово ќе има значително зголемување на бројот на новородени дечиња, кои ќе бидат нова генерација и иднина на Општината.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер