Доделена новинарската награда „Никола Младенов“

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска по 15-ти јубилеен пат ја додели новинарската награда за најдобра истражувачка сторија за 2015 година, која од 2013-та го носи името на трагично починатит новинар Никола Младенов.
Првата награда, за која жирито едногласно гласало, ја доби новинарскиот тим на Балканската истражувачка мрежа БИРН за истражувањето „Скопје 2014 под лупа“, објавен на веб страницата Призма. Втората награда ја доби новинарката Билјана Николовска од Телма телевизија за документарниот филм „Кога здравствениот систем убива дете“ за малата Тамара која почина пред повеќе од една година, а боледуваше од сколиоза, додека третата награда ја поделија Џелал Незири од СКУП Македонија за сторијата „Во токсичното кралство на Југохром“ и новинарите Горан Ризаов, Сашка Цветковска и Борјан Јовановски за серијалот текстови за аферата „Телеком“ објавени на веб - страницата на Нова ТВ .
МИМ додели и пофалници за истакнат новинарски ангажман и тоа на Сашка Цветковска, Владо Апостолов, Петар Клинчарски, Сузана Мицева, Горан Лефков, Анета Додевска и Александар Јанев.
На годинашниот конкурс се пријавија 20 автори и тимови на новинари истражувачи, со вкупно 37 стории обработени во 97 текстови/прилози објавени во дневните весници, на телевизиите и на интернет порталите.
Директорката на МИМ Билјана Петковска истакна дека членовите на жири комисијата констатираа дека на годинашниот конкурс учествуваа квалитетни и релеватни стории, со исклучително важни теми од интерес на граѓаните. Жири комисијата за доделување на наградата оваа година ја сочинуваа Катерина Блажевска, Фатос Муслиу, Зоран Иванов, Сашо Кокаланов и Томислав Кежаровски.
- Според Комисијата, и покрај тоа што дел од сториите откриваат актуелни и интересни теми сепак тие во најчест случај останале недоречени и без продолжение на приказните и без нивна разрешница. Жирито исто така ја потенцираше тимската работа на новинарите како позитивна при истражување на комплексни теми што содржат бројни информации и податоци. Како и другите години така и на овој конкурс доминираа стории кои се финансиски поддржани од донатори наспроти оние кои се иницирани и финансирани од самите медиуми, истакна Петковска. Комисијата смета дека незаинтересираноста на редакциите самостојно да го потттикнуваат и негуваат истражувачкото новинарство, покажува дека медиумите ја занемаруваат нивната основна улога во општеството - чувари на јавниот интерес и на демократските вредности.
Наградата се доделува од 2001 година, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во Македонија.
Ново на Сител
-

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
